Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Вести   ›   Климатски промени - влијание врз птиците
Print
Send to friend

Климатски промени - влијание врз птиците

2014.04.23
Климатски промени - влијание врз птиците
Слика од OTOP
Климатските промени можат да влијаат врз однесувањето на птиците. Повисоките температури ги охрабруваат да одбираат живеалишта кои се посеверно лоцирани, од старите кои стануваат премногу топли. Глобалното затоплување е исто така причина за исчезнувањето на водени живеалишта - што е голема закана за видовите на птици кои живеат таму и зависат од нив.
Покрај тоа, некои птици преселници немаат потреба да патуваат исто како порано бидејќи поблиски локации стануваат доволно топли за во нив и да се презимува. Колку подалеку патуваат толку повеќе енергија мораат да потрошат а затоа за нив е разумно да останат колку што е можно поблиску до живеалиштата во кои се размножуваат. Некои птици се одлучуваат да не се преселуваат; една црвеношијка веќе две зими останува во мојот двор.
Зимските живеалишта се исто така се менуваат поради климатските промени - сушите им го отежнуваат животот на птиците кои се селат во супсахарска Африка.
На пролет птиците почуваат да се враќаат порано. Тие исто така порано почнуваат да градат гнезда и да несат јајца. Дали овие јајца успешно ќе преживеат и ќе се испилат зависи од тоа дали ќе има доволно храна. Но, различните елементи од природата се адаптираат на променетата клима на различни начини, па како последица испилувањето на јајцата може да не се случи во периодот во кој ќе има доволно храна.
Текст на: Monika Ujma
Читај уште :
Mitsubishi Corporation