Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Вести   ›   Што има во гнездото на штркот
Print
Send to friend

Што има во гнездото на штркот

2013.05.24
Што има во гнездото на штркот
Чистење во домот на штркот photo: Eva Stets
Кога штрковите прават гнезда тие собираат најразлични материјали, понекогаш без да знаат тие собираат и предмети кои можат да бидат опасни. Опасноста најмногу ги засега младите птици кои пред да научат да летаат може сериозно да се повредат дури и да загинат.
Покрај честите материјали за гнезда како стапчиња, листови, гранчиња, врвки и јажиња штрковите може по грешка да соберат и пластични кеси кои се сериозна закана. Младите штркови може да се протнат во нив и доколку не се ослободат набрзо може да се задават. Ваквите случаи се ретки, но се случуваат.
За среќа штрковите имаат многу уредни гнезда кои постојано ги средуваат со исфрлање на непотребните предмети. Штрковите не ги исфрлаат само пластичните кеси туку и сите други материјали кои не им се погодиле.
На сликата може да видите штрк кој исфрла пластични кеси од гнездото.
Читај уште :
Mitsubishi Corporation