Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Повеќе за преселбите
Print
Send to friend

Повеќе за преселбите

Еден од најизвонредните и фасцинантни факти за птиците е нивната способност да патуваат илјадници километри секоја година за да ја поминат зимата во потопла и попријатна клима. Најинтересно е дека секоја година птиците се собираат во јата и заминуваат заедно.
 
Најголем број птици се селат (мигрираат) за да најдат храна – во зимата во Европа тешко е да се најде "летна" храна (инсекти, овошје, семчиња), но таа е достапна во други делови од светот, каде што климата е потопла. Преселбата (миграцијата) им го олеснува животот, иако некои птици дури и умираат за време на летот.
За да ја преживеат миграцијата, птиците мора да бидат здрави, да имаат многу маснотии и нови пердуви. Откако ќе заврши периодот на размножување и пред да почнат со миграцијата тие поминуваат низ период на целосно обновување. Маснотиите се собираат низ целото тело на птицата, под кожата. Старите и оштетени летни пердуви за летање паѓаат и на нивно место излегуваат нови.
  
Птиците собираат информации од нивната околина додека мигрираат. Сепак, постојат три најважни извори на информации – сонцето, ѕвездите и магнетните полиња на Земјата. Птиците ги набљудуваат ѕвездите и сонцето додека летаат и можат да ги почуствуваат магнетните полиња преку посебен рецептор кој им се наоѓа над клунот.
Mitsubishi Corporation