Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Најдов мало пиле! Што треба да направам?
Print
Send to friend

Најдов мало пиле! Што треба да направам?

Понекогаш наидуваме на пиле паднато од гнездо и мислиме дека е осамено, беспомошно, мало, немарно, слатко, му студи... тешко е да се одолее на нагонот да му помогнеме. Многу често луѓето интервенираат кога всушност пилињата се спремни за полетување и треба да бидат оставени на мира.
Застани. Размисли. Дали е најдобро да интервенираме во ваква ситуација? Можеби имаме добра намера, но земање на пилето со вас може да биде лошо, тоа е мешање во процесите на природата, и може дополнително да ги искомплицира работите за пилето.
 
Што да правам?
       Доколку пилето е ,,спремно за полетување’’... најдобро е да се остави на мира иако изгледа беспомошно и слатко и не може да полета правилно. Освен во многу ретки случаеви кога:
       Пилето крвари или е видливо дека е повредено од мачка/автомобил... јави се на твојот локален ветеринар. 
       Во моментот се наоѓа во опасност... (во непосредна близина е до мачка, прометна улица и.т.н.) помести го неколку метри на безбедно место (во повисоките гранки од некоја грмушка или на дрво) каде неговите родители ќе можат да го видат/слушнат.
       Домашно одгледување на пилето е секогаш последната опција – мора да биде од страна на експерт, и многу често е безуспешно.
       Дивите птици не се домашни миленици... земање на некои видови дома е често против законски.
       Само 30% од песнопојните птици ја преживуваат првата година... тоа е природен механизам која овозможува само најсилните да преживеат.
 
 
Побивање на митови:
- Птиците не ги отфрлаат нивните пилиња доколку ги допреш. Во ред е да го фатиш пилето со рака за да го поместиш.
- На птиците им е подобро во природа отколку во наша грижа.
 

Како изгледа пилето?

Штотуку испилено (0-3 дена старо)
-          Без пердуви
-          Очите сеуште не му се отворени
-          Едвај се движи
-Штотуку е испилено и треба да биде во гнездо

 Не подготвено за полетување (3-13 дена старо)
-          Очите се отворени
-          Има мали пердувчиња
-          Сеуште е премладо за да го напушти гнездото
Врати ме во гнездото и остави природата да си го направи своето

Подготвено за полетување (13-14 дена или постаро)
- Телото е издолжено, може да скока, мафта со крилјата, се фаќа со ноџињата за гранки
- Има пердуви (иако можат да бидат пократки од на возрасна единка)
- Го напуштило гнездото и се учи да лета, но неговите родители сеуште го хранат
Доколку имам пердуви остави ме на мира. Моите родители се тука да ми помогнат”

Обична пиштарка Apus apus
- Оваа птица многу брзо лета и не смее никогаш да падне на земја. Пиштарките не ги бидува во одење.
- Прецизно одредете го видот на птицата
- Пиштарките можат да полетаат исклучиво доколку се наоѓаат на високо место.

Природата понекогаш може да биде сурова (но сепак е фасцинантна!!!)
-За жал, и покрај нашите напори пилињата не секогаш преживуваат. Доколку се болни или нема доволно храна, нивните родители можат да ги напуштат. Често птиците несат повеќе јајца така што само најсилните ќе преживеат.
-Тажно е, но понекогаш малите птици се добар оброк за некое друго диво животно (како некоја граблива птица или лисица). Сите птици се алки во многу синџири на исхрана.
-Секогаш можеш да им помогнеш на птиците гнездилки со тоа што во твојот двор ќе засадиш вид на дрво кое природно расте во твојот регион. Автохтоните видови на дрвја се секогаш најсоодветни за птиците. Птиците се одличен сосед и ќе ти се заблагодарат протерувајќи ги здодевните инсекти од твојот двор.

Spring Alive 2019 is supported by

HC Group