Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Како да учествувам
Print
Send to friend

Како да учествувам

Учеството во „Пролетта доаѓа!“ е едноставно и забавно.
Проектот „Пролетта доаѓа!“ е едноставна анкета за набљудувани птици. Сé што треба да направиш е секоја година преку интернет да не известиш за првиот пат кога ќе видиш штрк, ластовичка, кукавица и пиштарка.
Благодарение на твоите забелешки научниците од BirdLife ќе можат преку анализирањето на податоците да го следат доаѓањето на пролетта секоја година. Ќе ја откриеме седмицата во која најмногу луѓе ги виделе првите птици. Сите овие податоци ќе ни помогнат да научиме повеќе за преселбата на птиците во Европа.
Како да не известиш?
Известувањето е едноставно. Разгледај ги наредниве податоци:
  1. Научете ги видотвите на птици кои ја носат пролетта  – кукавица, селска ластовичка, пиштарка и штрк и дознај кога тие доѓаат во Македонија.
  2. Набљудувај ја твојата околина, и кога прв пат во годината ќе видиш или чуеш една од овие птици дојди на нашата веб-страна. Но запомни! Нас не интересира само првиот пат кога ќе забележиш некоја од птиците.
  3. Тогаш на нашата веб-страна оди кај формуларот за известување (дел "кажи ни што забележа") и пополни ги потребните полиња. Треба добро да запомниш кога и каде прв пат ги забележа птиците. Кога ќе ги пополниш сите полиња, стисни на копчето кое вели "испрати" и така информацијата ни ја испраќаш нам!
  4. Потоа провери ги картите да видиш дали твоето известување ја ‟разбудило” пролетта !
  5. Кажи им на пријателите дека и тие може да помогнат.
Набљудувај птици за „Пролетта доаѓа!“ во твоето маало, на училиште или на прошетка со родителите
За да дознаеш кога поточно "носачите на пролетта" може да се појават кај нас разгледај го делот од веб-страната кој се вика "Научи повеќе за видовите" или на веб-страната на нашиот локален партнер на BirdLife. http://www.mes.org.mk
Кога ќе видиш или чуеш една од птиците, сé што треба да направиш е да го запамeтиш датумот и местото. Не мора да запамeтиш колку птици си видел или точното место.
Птиците може да ги набљудуваш во твоето маало, околу училиштето или кога одиш на прошетка со родителите. Најмногу птици ќе видиш во природа или на село, бидејќи три од нашите четири птици живеат таму – ако живееш во град, тогаш чекај да се појават пиштарките, тие живеат во градовите.
Тогаш можеш да ни ги испратиш податоците за тоа што си видел на нашата веб-страна и ние со нивна помош ќе направиме карти.