Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Закани и опасности за преселните птици
Print
Send to friend

Закани и опасности за преселните птици

Threats and hazards to migrating birds
Photo – Cezary Korkosz
Некој од нашите најпрепознатливи птици се во невоља. На пример,  денешните деца многу помалку  го имаат слушнато звукот на Кукавицата за разлика од нивните родители, и уште помалку од своите баби и дедовци.
Постојат многу причини за намалувањето на бројот на овие птици.
Климатските промени предизивкуваат потопли зими и порано започнување на пролет. Додека да пристигнат миграторните птици на нивните гнездилишта, првите ливчиња на дрвјата и ганесиците може да ги снема, а со тоа се намалува и храната за малите пилиња.
Климатските промени исто така предизвикуваат големи суши во Африка, па така површината на пустините кои птиците мораат да ги прелетаат секоја година стануваат поголеми.
Многу од пролетните миграторни птици се птици кои живеат во поле покрај нас илјадници години. Но замјоделството се промени во последните педесет години. Многу земјоделци ги прскаат своите посеви со пестициди. Денес постојат се помалце не загадени површини каде птиците може да најдат храна како инсекти и семинња, живи огради за криење, стари дрвја и стари градби каде ќе можат да изградат гнезда.
Нашите градовие стануваат се поголеми, а со тоа и се одзема место за хранење и одмор на птиците. Високите згради, патиштата, железничките пруги, електричните кабли, ветерниците од кои зависи модерниот живот можат да бидат погубни за птиците, и кога се градат на погрешни места, можат да убијат илјадници птици годишно.
Околу половина милијарда (500 милиони) птици се убиваат или заловуваат за време на миграција низ Медитеранот секоја година. Многу од овие птици припаѓаат на видови кои веќе се ептен ретки. Овој вид на ловење птици е против законско, и против интернацинолни договори за заштита на преселните птици, но луѓето кои го прават тоа мислат дека имаат традицинално право да убиваат птици.
 
Mitsubishi Corporation