Like most websites we use cookies. If you're happy with that, just carry on as normal - otherwise to find out more click here.
 
 
 
Насловна   ›   Зошто пеат птиците ?
Print
Send to friend

Зошто пеат птиците ?

Зошто птиците пеат?
Кога зборуваме за песната на птиците, не можеме да се ограничиме на еден специфичен звук. Птиците продуцираат спектар на комплексни звуци кој сам по себе може да се смета за посебен јазик. Од грубиот ,,тиик“ на врапчето; ,,гек гек гек“ плачот на клукајдрвецот или пак продорниот ,,чирип“ на чучулигата – секој звук има свое значење, и птиците го користат во многу специфични околности. Препознавањето на ,,јазикот на птиците“ може да биде клучно за нивна идентификација, како и за подетално проучување на нивното однесување.  
Јазикот на птиците

Исто како што согласките и самогласките се основа на зборовите и речениците, птиците поседуваат лепеза на повици, песни и мелодии, толку сложени што можат да се споредат со нашата азбука. Тоа е благодарение на еден орган со големина на зрно грашок наречен ,,сиринкс“, и е сместен во белите дробови помеѓу трахеата и бронхиите. Формата на органот варира кај различни видови на птици, и благодарение на тоа слушаме различни песни и звуци. Секој звук има свое значење, а нивно најизменично користење им овозможува на птиците да испраќаат сложени пораки и сигнали.
Предупредувачки повици

Предупредувачките повици се секогаш остри и продорни. Птиците ги користат кога се ќе регистрираат опасност во непосредна близина и сакаат да ги предупредат своите најблиски. Тоа се обично кратки и гласни сигнали кои можат да се слушнат на големи растојаниа. Случни вакви звуци користат и грабливите птици за време на нивниот напад.
Повик за помош

,,Мама мама мама!“ Исто како што децата ја повикуваат својата мајка со испружени раце, така и малите пилиња плачат по нивната мајка воедно мафтајќи со крилјата за секој случај. Овој повик се состои од кратки извици со низок интензитет кои сепак можат јасно да се чујат во непосредна близина на гнездото, со цел да се привлече вниманието на нивните родители. Младите птици често ги користат овие сигнали и одкако ќе го напуштат гнездото – затоа што мама си е секогаш мама!
Пријателски повици

„Еј, дали е се во ред?“ Птиците најчесто ги користат пријателските повици за да проверат дали е се во ред. Оваа песна најчесто се среќава кога птиците се движат во јато. Тие можат да бидат употребени за обично довикување или за информирање на јатото за некој добар извор на храна. Овие сигнали се карактеризираат со релативно силни извици но не толку продирачки како предупредувачките повици.
Повици за време на лет

Исто како што ние имаме службени разговори, каде што користиме формален речник, птиците имаат специфични сигнали кои ги користат исклучиво додека се во лет. Интересно е да се напомене дека овие звуци се најпрецизни кога станува збор за препознавање на видот на птицата која сакаме да ја идентификуваме. Повиците се обично мелодични, особено при најавување дека поминува некое јато во време на преселната сезона.
Зошто птиците пеат на изгрејсонце?

Пеењето на птиците рано наутро обично сигнализира пријатно будење. Но зошто највеќе сакаат да ги покажат своите вокални способности токму во овој дел од денот? Сè  се сведува на „суетноста“ – за да покажат дека се силни и здрави. Повеќето птици се хранат преку ден, така што рано наутро најчесто се гладни и истоштени. Пеењето рано наутро е техника која ја користат мажјаците за да го докажат своето здравје и
енергија на потенцијалните партнерки. Не е ни чудо што песната на птиците е тесно поврзана со нивниот „љубовниот живот“. Тоа е важен фактор на сите фази во животот, од додворување па се до гнездење.   
Кога песната на птиците станува музика

Пеењето на птиците од секогаш го допирало срцето на човекот, инспирирајќи го да ја преточи таа пријатна мелодија во стихови и музика. Грег, Равел и Прокопиев, меѓу другите, биле толку фасцинирани од мелодијата на ќосот, славејчето и гулабот, што нивните повици ги претвориле во музика. Вивалди го компонирал познатиот концерт „ Il Gardellino“ по биљбиљот, додека Гироламо Фрескобалди го инспирирала кукавицата да ја напише „Capriccio sopra Cucho“.  Во шестата симфонија, Бетовен ја доловува песната на славејчето и препелката преку флејта и обоа, додека Вагнер ја напишал песната „Птицата во шумата“ и ја вметнал во неговата опера „Зигфрид“. 
Како да ги препознаам птиците по нивната песна?

Секако дека најдобриот начин за да се научи како да се препознаваат птиците по нивната песна, е да искочите надвор, некаде во природа и едноставно да уживате во нивната мелодија. Звуците што ќе го слушнете во шума се симфонија сами по себе, особено за оние што приметуваат детали. За почеток корисно би било да имате некој прирачник со фотографии од различни видови на птици кој поседува и информации за звуците на птиците. Бидете сигурни дека со малку вежбање и трпение, секој може да ја отклучи тајната на песната на птиците.

Spring Alive 2019 is supported by

HC Group